Кои холивудски ѕвезди се православни христијани?

by fokus

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон пред неколку години станаа државјани на Грција, со што се пофалија на социјалните мрежи, а малку е познато дека Рита има грчко потекло, а актерот поради неа ја прифатил православната вера.

Ова секако не е изолиран случај меѓу холивудските и светските ѕвезди. Всушност, многу светски ѕвезди се од православна вероисповед. Некои се родени во православно семејство, а некои доброволно преминале во православие.

Кога се оженил со колешката Рита Вилсон, Хенкс решил да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е Гркинка, по потекло од Албанија.

„Мислам дека православието е моето духовно наследство. Се оженив во истата црква каде што беше крстена мојата сопруга и каде што беа крстени нашите деца“, изјави еднаш Том.

ЏЕНИФЕР АНИСТОН

Џенифер Анистон ја наследила православната вера од нејзиниот татко Џон Анистон, кој исто така е актер.

Роден е Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит. Џенифер направи добротворни донации за црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.

ДЕЈВИД ГАХАН

Пејачот на Depeche Mode, Дејвид Гахан, преминал во православна вера поради неговата сопруга Џенифер Скилаз.

КРИСТИЈАН БЕЈЛ

Според некои извори, актерот Кристијан Бејл станал православен христијанин пред повеќе од 10 години, откако се оженил со Србинка Сандра Блажиќ.

МИЛА ЈОВОВИЌ

Милица Богдановна Јововиќ е родена во Киев, од мајка Галина Логинова, поранешна руска актерка, и татко, српски лекар Богдан Јововиќ.

НАОМИ КАМБЕЛ

Поради љубовта и Наоми Кембел стана православна. Познатата манекенка неколку години се забавувала со Владислав Доронин, руски тајкун кој своето богатство го заработил во недвижен имот. Наоми поради него наводно преминала во православие и станала член на Руската православна црква.

КИМ КАРДАШИАН

Светски познатата старлета Ким Кардашијан има ерменско потекло, а светската популарност ја стекна благодарение на реалното шоу. Нејзиното семејство од страната на нејзиниот татко е четвртата генерација емигранти од Ерменија, а нејзините предци живееле во денешна Турција. Таа неколку пати преку социјалните мрежи ги честиташе православните празници.

Поврзани новости