Жителите од скопското село Горно Соње денеска од 8:30 до 13:30 часот ќе бидат без струја, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од селата Смилковци, Страчинци, Виниче, Раштак, Булачани и Црешево во општина Гази Баба.
Во периодот од 8:30 до 15 часот без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Панче Неделковски“, поточно објектите со парните броеви од 48 до 70, како и со броевите 53, 57 и 61 во општина Чаир.
Без снабдување со електрична енергија од 8:45 до 11 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Вера Јоциќ“, а од 9 до 15 часот жителите од село Батинци лоцирани на улиците со бр.4, 6 и 7.
Од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Чајлане и Семениште во општина Сарај, а од 11 до 15:30 часот дел од корисниците од улиците „Емил Зола“ и „Виктор Иго“ во општина Кисела Вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на градот Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електричната енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.