Кои бенефиции ги имаат вработените во Алкалоид?

by Fokus

„Алкалоид“ АД – Скопје според анкетите е еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија.

Компанија која брои 2.155 вработени во земјата и 688 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

Од компанијата на прашање за тоа какви бенефиции им нудат на вработените велат:

„`Алкалоид` е компанија која негува стимулирачка работна средина, во која работат и придонесуваат кон успесите вистински професионалци. Поради тоа на своите вработени секогаш се трудиме да им обезбедиме постојано подобрување на работното опкружување за да се чуствуваат ценето и вреднувано.

Во прилог ги споделуваме бенефициите кои им следуваат на нашите вработени:

– Обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување со вклучени дополнителни превентивни здравствени прегледи и посебни поволни услови за членовите на семејствата на вработените
– Организиран превоз за дел од вработените на нај фрекфентната локација на нашата компанија
– Бенефиции за деца на вработените – субвенциониран износ за вон школски активности на децата
– Новогодишен линеарен надоместок за секој вработен
– Исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум на ниво над последно објавената просечно исплатена плата во тромесечие
– Награди за вработените за лојалност и награди согласно правилникот за наградување
– Дополнителни надоместоци согласно вклученост во успешно завршени интерни проекти
– Годишен пораст на плата за сите вработени согласно економски показатели и инфлација
– Годишен наменски буџет за едукации и стручни доусовршувања на вработените
– Редовни тим билдинзи на сите организациски единици
– Можности за кариерен развој на вертикално и хоризонтално ниво преку различни програми на ниво на компанија
– Тренинг центар со тренинг лабораторија, наменети за едукација на вработени, како и студенти и ученици од програмата за млади таленти на Алкалоид АД Скопје
– Обезбедени најсовремени мерки и континуирано инвестирање во заштитата и безбедноста на здравјето на вработените
– Обезбеден избор на храна за вработените во објектите каде имаме организирана исхрана, а за вработените што не користат организирана исхрана доделен соодветен паричен надоместок за хранарина
– Редовно мерење на задоволството на вработените и имплементација на побараните предлог мерки од истото
– За членовите на синдикалната организација при Алкалоид АД Скопје овозможено плаќање на рати во десетици компании и повластени ценовни политики
– Подароци за секое новороденче на вработен од компанијата
– Новогодишни пакетчиња за децата на вработени
– Спортски активности – бесплатно користење на спортски сали во одредени термини
– Кафетерија во рамки на компанијата
– Обезбеден паркинг за велосипеди и мопеди
– Во услови на корона обезбедени тестирања од страна на компанијата и нај високо ниво на заштита во работните простории“.

 

Поврзани новости