Кого „оговарал“ Пендаровски?

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски овој месец во неколку наврати гоствувајќи по македонските телевизии го нарекува претседателот на државата, Стево Пендаровски „оговарач“.

Има еден мит дека Пендаровски е интелектуалец. Но, во суштина тоа е празна личност без свој карактер. Кога ќе седне знае добро да изоговара. Обично за оговарање го бива, нема кого не го оговара. Ме оговара мене, Мицкоски, Заев…, рече Николоски при едно ТВ гостување.

„Фокус“ се обрати до Кабинетот на претседателот Пендаровски и побара реакција на овие обвинувања од страна на потпретседателот на најголемата опозициска партија.

Оттаму кусо одговараат дека претседателот не коментира политичари кои се служат со лични навреди.

Во врска со вашето прашање, информираме дека никогаш не коментираме ставови на луѓе кои наместо за политиките на претседателот, се служат со лични навреди и дисквалификации, одговорија од Кабинетот.

Ова не е првпат Николоски со остра реторика да говори за Пендаровски. Лани за време на случувањата во Собранието кога требаше да се гласа недоверба на Владата и кога го снема пратеникот Кастриот Реџепи, Николоски го критикуваше Пендаровски дека „сега го нема да гукне“, а претходно давал „глупи изјави за се и сешто“.

К.С.Б.

Поврзани новости