672
Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Ана Петровска смета дека главниот град на Македонија може да биде зелен хуман град во иднина.
„Во Пржино урбаната мафија измислила иновација: како на место за индивидуални станбени куќи да никнат станбени згради. Се ситни градежната парцела и на секоја се прави по една куќа. Во стварност добиваме бетонски чудовишта. Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, само тогаш Скопје ќе може да дише! Скопје мора да биде зелен хуман град“, рече Петровска.