Кога според Џафери треба да почне постапката за уставни измени?

by Fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите изјави дека постапката за уставни измени најдоцна би требало да почне во јуни – јули годинава за да заврши до ноември, кога завршува и скринингот од ЕУ.

Џафери рече дека не мисли дека избори ќе го решат проблемот со немањето доволно гласови (80) за уставни измени, туку дека тоа ќе ја искомпилицира целата работа. За тоа како да се надмине проблемот со мнозинството претседателот на Собранието вели, власта и опозицијата да седнат да разговараат.

-Јас можам да распишам избори само во моментот кога ќе се согласат политичките партии да се распушти Собранието или кога ќе заврши маднатот во последните 90 дена. Во други услови партиите треба да излезат со соодветен предлог, рече Џафери.

Поврзани новости