Кога професорката Силјановска протестираше со своите студенти против реформите на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Професорката Гордана Силјановска Давкова која се пријави на конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат во екот на студентските протести во 2015 година беше дел од Професорскиот пленум.

Таа ги поддржа студентите кои беа против новиот Закон за високо образование кој го предложи тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ, а кој предвидуваше полагање државен испит, односно екстерно тестирање на факултетите.

-Горда сум на моите студенти. Нивниот протест има легитимна цел и ќе бидам со нив и во предавалните, но и на протестите. Тие млади луѓе ми даваат енергија и инспирација и овој пат ги заштитија и професорите и универзитетот. Не може да се предложи вакво законско решение без притоа да има дијалог, особено со оние на кои директно се однесува тоа решение, а тоа се студентите и професорите. Јас на моите студентите секогаш им говорам и им предавам за важноста од дијалогот. Доколку нема дијалог, тогаш секако дека ќе се појави отпор, протест, изјави тогаш Силјановска.

ФОТО: Александра Дуковска

 

 

Поврзани новости