Кога летав највисоко, ме остави без збор!

by fokus

Излив на емоции пренесени преку поезија деновиве објави специјалистот инфектолог, д-р Вело Марковски (64). Докторот, кој неодамна си ја испроба среќата и во музиката и сними три обработки на стари македонски песни кои самиот ги изведува, со години наназад е вљубеник и во пишаниот збор, а пред три години издаде три книги- ,,Песни и писма од малата куќа”, ,,Приказните на татко ми” и ,,И животот е сексуално пренослив – сексуално преносливи заболувања”.

Во песната пак, која ја објави на социјалните мрежи пред неколку дена, тој зборува за љубовно разочарување, за саканата која го оставила и го казнила сурово, како што пишува, да го боли со месеци.

-И повторно…
Без збор…разговор…без кавга… овојпат не болеше веќе,
само голем камен во градите,

а ти… ти уживаше во слободата
си најде друг… млад и убав – се дел од стиховите на песната која ја насловил ,,Никогаш-засекогаш”, а во која раскажува дека бил оставен без збор додека летал највисоко.

Марковски, кој е познат по своите научни трудови од областа на медицината, актуелен е и по случувањата во приватниот живот.
Во брак е со доста помладата Евгенија, која е поранешен модел од модното студио ,,Шанел” и имаат две деца, а во минатото беше во брак со поранешната пратеничка Ѓулистана Марковска.

За љубовта со Евгенија, неодамна во ТВ интервју раскажа дека ја запознал на факултет каде што предавал и била од најдобрите студенти, па и предложил да му биде асистент.
Се вљубиле по неколку месеци, спонтано, и не криеше дека се соочиле со предрасуди од околината поради големата разлика во годините.

Вики Клинчарова

Поврзани новости