661
По Нова година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк, најавуваат од град Скопје.
Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени и ќе се вклопат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален, велат од Град Скопје.
Беше посочено дека за Луна паркот во моментов се изработува проектна документација, која треба да се достави до Градот Скопје во наредниве два месеца. Наследените седум реквизити треба да се постават согласно со потпишаните договори, зашто тие се задржани во проектното решение, а дополнително треба да се набават 20 нови реквизити.
Според очекувањата, истиот би требало да започне со работа кон крајот на летото.