Кога ќе се формира бугарската влада?

by Фокус

Теоретски, можно е да се гласа за новата влада на Бугарија на 15 декември, но многу е малку веројатно изборот на владата да биде поврзан со претстојниот Европски совет на 16 и 17 декември, на кој Македонија очекува датум за почеток на преговори, објави бугарското издание на „24 часа”.

Оттука, според бугарскиот медиум, пред овој датум тешко да има нова бугарска влада, дури и ако е постигнат договор за имињата на идните министри меѓу коалициските партнери Продолжуваме со промената, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија.

Уставната процедура прво предвидува претседателот на Бугарија да има консултации со сите парламентарни партии, а бидејќи сега има 7 партии во новоизбраното Народно собрание, тоа би траело најмалку 2 дена.

Така, најраниот можен датум на кој претседателот на Бугарија Румен Радев може да го предаде првиот мандат е 8 декември.

Потоа започнува 7-дневен период во кој победникот на парламентарните избори во Бугарија – Продолжуваме со промената, мора да предложи свој кандидат за премиер, односно да го предложи Кирил Петков.

Тоа значи дека на 15 декември може да се гласа за нова бугарска влада и новиот премиер на државата да учествува во Советот, но без да има време да се подготви за средби со европските колеги и да не биде детално запознаен со позициите на Бугарија.

Поврзани новости