Голем број на музички ѕвезди настапија на хуманитарниот концерт за матурантот Никола Ѓоргиев, кој се одржа вчера во спортската сала во ООУ Наум Наумовски Борче во Скопје.
Ламбе Алабаковски, Либеро Бенд, ДНК, Таско, Пајак, Даниел Дан, Даниела Темелковска, Влатко Миладиновски и многу други музичари се вклучија во хуманиот настан, организиран со цел да се соберат над 20.000 евра, колку недостигаат за лекувањето на 18-годишниот Никола, кое треба да започне на клиника во Турција.
Со помош на акциите кои се одвиваа периодов, веќе се собрани околу 90.000 евра за младото момче кое се бори со карцином на коски.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, се заблагодари што на концертот дошле над 2.000 лица и му ја дале поддршката на Никола.
-Горд и среќен сум што имам чест да бидам градоначалник на еден ваков хуман народ.
Повеќе од 2000 луѓе присуствуваа на хуманитарниот концерт за собирање на средствата за лекувањето на нашиот Никола.
Никола на првата наша средба ти кажав дека во оваа борба не си сам, мојата поддршка ја имаше, ја имаш и ќе ја имаш се до завршување на оваа борба од која ти ќе излезеш како победник!
Пред мојот народ давам збор дека по завршување на лекувањето на Никола, Општина Гази Баба ќе организира уште поголем концерт за целиот народ и заедно со Никола ќе го славиме успехот-порача Стефковски.
Вики Клинчарова