649
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека предлозите за градоначалници за локалните избори СДСМ ќе ги презентира на крајот од август. Предвреме, можно е да се знаат имињата само за кандидати во општини за кои анализите се завршени.
„Одлуките ги носиме на крајот на август затоа што во првата половина од септември се доставуваат до ДИК. Но, ако и претходно донесеме одлуки кои ќе значат завршени истражувања, анализи, нема што да чекаме и ќе објавиме, за да знаат граѓаните и да оформат свој став. Генерално крајот на август, но не исклучувам можност и во текот на јули месец да објавиме неколку кандидати“, рече Заев.