КОД: Мазутот од Супертрејд за РЕК Битола со повеќе вода и суплементи, откри инспекторатот

by fokus

На 16 јуни годинава, 5 цистерни полни со мазут требало да ја поминат царинската управа. Крајна дестинација им бил најголемиот производител на струја во земјава, државната РЕК Битола.

Цистерните биле од увозникот Супертрејд фирма кај која инспекторатот веќе претходно утврди неправилности кога истата се обиде да внесе мазут кој не ги исполнуваше стандардите, односно имаше повеќе вода и пепел во него, откри КОД во последната емисија.

Оттаму посочија и дека после пишувањата на КОД за се позачестениот увоз на опасно масло наместо мазут, царината и инспекторатот потпишаа мемурандум – дека ќе соработуваат.

Сега за секој увоз на гориво, царината ги известува инспекторите за да се провери дали е потенцијална еколошка опасност течноста која е товарена во цистерните.

Така било и минатата среда. Инспекторите одлучиле да не се задржуваат цистерните за да нема застој, но конвојот со патрола бил пречекан пред вратите на РЕК Битола.

Таму од сите цистерни се земени примероци за да се истражи што ќе соогорува рекот при неговото производство.

Мострите се однесени во акредитирана лабораторија, а од РЕК Битола за КОД известиле за резултите.

“На 25 јуни до АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола доставено е Уверение за квалитет на масло за горење – мазут, според кое во земениот примерок сите испитувани карактеристики : Густина на 15 степени Целзиусови, Точка на палење – затворен сад, Кинематска вискозност на 100 степени Целзиусови, Содржина на сулфур, Содржина на кокс, Содржина на пепел и Топлина на согорување и се во границите на дозволеното. Во примерокот, единствено карактеристиката вода и седименти отстапува од најновиот Правилник за квалитет на течни горива и македонскиот стандард за квалитет на масла за горење” – тврдат од РЕК Битола.

Но, КОД дознава дека во меѓувреме и државниот инспекторат за животна средина и наложил на државните електрани да си ги испитаат примероците кои ги имаат во своите складишта во РЕК Битола.

Таму во моментот на испитувањето се чувале 313 тони залиха на мазут од фирмата Супертрејд која според податоците од РЕК Битола ја снабдува скоро две годинии и од овие примероци се земени мостри за проверка.

РЕК Битола не бил единствената мета за проверка на крајните потрошувачи на мазутот кој доаѓа од сомнителните увозници.

Според КОД, и поранешно кавадаречко Фени а сега Еуроникел го троши во големи количини како гориво за производтсвото и од тамошните резерви биле земени мостри. Резултатите покажале дека во мазутот кој го користат има повеќе вода од дозволениот 1 процент но не се знае кој е точно увозникот.

Проблем, според КОД, е што Еуроникел набавува од повеќе фирми па не може да се следи трагата на оној кој го донел баш тој мазут кој бил затечен во резервоарите.

КОД, кој се емитува на ТВ Телма објавија и за наодите на инспекторите дека пумпите Гулф на Супертрејд и пумпите на Евроактива имале бензин со помалку октани и дали се почитувала забраната да не се точи истиот.

Се чека на третата супер анализа која треба да утврди дали бензинот имал 95 или 94 октани.

Поврзани новости