КОД: Гулф на Супертрејд и пумпите на Евроактива имале бензин со помалку октани

by Fokus

КОД, кој се емитува на ТВ Телма објавија за наодите на инспекторите дека, пумпите Гулф на Супертрејд и пумпите на Евроактива имале бензин со помалку октани.

По кршење на законот за увоз на мазут и нафтени деривати од страна на една компанија, ДПИ пред извесно време истражи и утврди дека дури седум нафтени компании го кршеле овој закон и против истите се изречени прекршочни казни. На бензинските пумпи беа извршени контроли и се земени примероци на бензин и дизел, од добиените резултати анализите за кои ДПИ ја информираше јавноста, покажаа дека кај дизелот нема утврдено отстапки од квалитетот согласно Правилникот, додека пак кај две бензински пумпи, првата анализа покажа незначителна отстапка во еден параметар.

Според наодите на инспекторите за кои објави КОД, станува збор за бензинските пумпи Гулф на Супертрејд и пумпите на Евроактива кои имале бензин со помалку октани.

ДПИ на почеток на овој месец излезе со став дека таму каде што се утврдени дури и незначителни отстапки од граничните вредности на параметрите на гориво, истите се забранети за употреба и пуштање во промет.

 

Во моментов се чека на третата супер анализа која треба да утврди дали бензинот на Гулф и на Евроактива имал 95 или 94 октани.

Поврзани новости