Дополнителната заменик -министерка во Министерството за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска денеска ги отрфли како што ги нарече „неиздржаните коментари“ од страна на високи функционери на СДСМ дека го блокира на заемот од Светска Банка во износ од 90 милиони евра.
Таа реагира на вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Телма дека техничката влада се соочува со кочење и притоа ја посочи Димитриеска – Кочоска дека со непотпишување ги кочи средствата од заемот од Светска банка наменети за справување со коронавирусот.
Димитриеска- Кочоска тврди дека во документите кои и биле дадени нема јасни и детални калкулации за заемот од Светската банка на што таа инсистира за да стави потпис.
„Кредитот од СБ е строго наменски кредит. Тоа значи дека треба да има јасни калкулации зад сите ставки, кои ќе бидат финансирани. До овој момент, документите кои ми се дадени не вклучуваат јасни и детални калкулации. Ја повикувам владата да ги објави пред јавноста сите документи кои се доставени до мене, со цел граѓаните сами да се уверат зошто Гордана бара дополнителни информации, а не блокира како што милуваат да кажат“, – изјави Димитриеска-Кочоска.