Кочоска: Битиќи го разобличи Заев дека мерките не тежат над милијарда, туку 350 милиони евра

by Фокус

Премиерот Зоран Заев тврдеше дека вкупниот износ на антикризните мерки е милијарда и 200 милиони евра, но вицепремиерот Фатмир Битиќи вчера го разобличи, истакнувајќи дека вредноста на мерките е 350 милиони евра, изјави на денешната прес конференција Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Како одговорна опозиција уште на самиот почеток кажавме дека Владата треба брзо да реагира и да обезбеди средства со цел да му помогне на стопанството при што потпишав над 1 милијарда евра кредити кои требаше да завршат во стопанството. Имаа и вонредна состојба, нели за тоа беше прогласена? Дали е ова најголемиот доказ дека Владата иако ги имаше сите механизми да му помогне на стопанството и населението, во тоа време беше фокусирана како да обезбеди поткуп на гласачи, а стопанството беше во втор план – рече Кочоска.

Според неа, економската состојба допрва ќе се влошува.

– Буџетот не се поли согласно проекциите, наплатата е помала, фирмите имаат проблем со ликвидност, сега се уште имаат одложени отплати на кредити, но денот кога ќе треба да почнат да враќаат ќе дојде. Наместо да се забрани вработување во јавната администрација (онаа која беше преполнета во 2016) се трошат десетици милиони евра за ова. Се расфрлаат пари за непродуктивни цели. Државата наместо да внимава како троши, троши расипнички. Банките во Македонија се изложени на историски највисоко ниво кон државата од рекордни 450 милиони евра позајмени пари на државата само за 2020 а кон стопанството 250 милиони евра – посочува таа.

Поврзани новости