Кочо Анѓушев: Мои компании добија само два тендери откако сум вицепремиер

by Fokus

Кочо Анѓишев, вицепремиерот за економски прашања, во интервју за МРТ рече дека една година неговите компании не аплицирале во ниту една јавна набавка и дека фирмите во кои има сопственичко учество добиле само два тендери откако е назначен на својата функција во актуелната власт.

– Од оние компании над кои можам да имам влијание откако сум на оваа функција имаат добиено еден тендер од 36.000 евра за заштитна мрежа на автопат и уште еден од 8.000 евра за изработка на медицински кревети. Претходно, последниот тендер го добив во 2016-та. На референетите на фирмите уште пред една година им забранив работата со државата да ја сведат на апсолутна нула и таа е апсолутна нула, рече Анѓушев.

Тој додаде дека како претприемач нема да учествува во оние повици кои допрва ќе бидат за изградба на хидроцентрали. Нема ниту да учествува во повиците за изградба на фотоволтаици и ветерници.

Поврзани новости