170
Бизнисменот Кочо Анѓушев ги демантира тврдењaта на Билјана Ивановска, претседател на Антикорупциската комисија, дека тој е сопственик на фирмата „Еуроникел“ (која е сегашен сопственик на поранешно ФЕНИ), реагираат од компанијата „Фероинвест“.
Ивановска, според соопштението, го изнесла тоа тврдење во емисијата „Топ тема“ на Телма.
,,Не сум сопственик, ниту сум имал ниту имам некаква сопственичка врска со ФЕНИ и ‘Еуроникел’ и Антикорупциската комисија си има документи од кои се гледа кој е сопственик. Тие документи се наоѓаат во Централен регистар и секој граѓанин може да ги види. Не можам да разберам зошто Ивановска го зборува ова“, вели Анѓушев.