Генерално е многу тешко да се стигне до големите имиња, но мислам дека треба да се има континуитет во работата, во изградбата на фестивалот, дека идејата не доаѓа само од Пин. Ние не го спремаме „Д“ Фестивал, Пин или Таксират кога ќе завршат. Подготовките траат околу целата година. Во текот на годините добиваме и други идеи па се обидуваме некои артисти со години да ги добиеме за да можеме да ги донесеме кај нас, рече Рамона Моња Кочишка Маркетинг и ПР на „Д“ Фестивал во интервју на каналот на Слободен печат во соработка со Трн.мк.
Таа додаде дека идејата за фестивалот е тој да биде достапен за сите, најмногу за новите генерции, за студентите, за средношколците и матурантите.
-Во нашата програма, тие 1.500 денари кога ќе ги поделиш на три дена му доаѓа како 500 од ден. Имаме над 50 артисти во три дена, по дваесеттина артисти од ден, рече Кочишка
Таа додаде дека покрај бројните артисти, во рамки на програмата на фестивалот има и јога.
-Имаме јога секое сабајле, имаме латино танцување, имаме проекции на фудбал, филмови, и сето тоа спаѓа во таа цена. Идејата е да се задржи публиката и да ги привлечеме новите генерации да дојдат и да го искусат тоа фестивалско искуство кај нас, пред да излезат и да ги видат останатите други фестивали, заклучи Кочишка.