705
Кочани станува новото жариште на Ковид-19, односно последните недели постои тренд на зголемување на бројот на заразени во овој град, со 180 активни случаи, а досега регистрирани 426 случаи. Вирусот, неофицијално, најмногу се шири меѓу вработени во конфекции и фабрики.
Па така, Кочани е на второто место по бројот на заразени. Најголемиот број се од Скопје или 945 активни случаи, по што следува Кочани со 180 случаи, Струмица со еден помалку и Куманово со 170 активни случаи. Со 161 заразени следен на листата е Тетово.
Од скопските општини пак најголем број на заразени има во Аеродром -165, Центар-157 и Карпош со 136 активно заразени.