558
Не се чувстувам виновен, изјави бизнисменот Сеад Кочан на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое почна денеска во Кривичниот суд во Скопје, а по однос на обвиненијата што против него ги изнесе Специјалното јавно обвинителство.
Кочан е првообвинетиот во предметот „Труст“. Обвинителот Гаврил Бубевски во воведното излагање рече дека обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, под превезот на успешен бизнис, со тешка измама, злоупотребиле 17 милиони евра, пари на граѓаните. Нивниот мотив, според него, бил на нечесен начин да се добие тендер на АД „ЕЛЕМ“ и со фалсификувана документација, да се добие работниот ангажман.