Бизнисменот Сеад Кочан вечерва беше во владата. Информацијата за неговото присуство ја објави порталот A1он. Кочан за телевизија 24 не сакаше да даде детали, но потврди дека бил во владата.
Според сознанијата на телевизија 24, вицепремирот Кочо Анѓушев, имал средба со повеќе градежни компании. Се разговарало за мислењата на раководните луѓе од градежните компании за состојбите во овој сектор.
Сакал да се информира од сите проблеми кај отпочнатите градежни проекти – со каква динамика се одвиваат, дали има евентуални проблеми и застои и како владата може да помогне.
При тоа, според нашите информации, на оваа средба присуствувал и Сеад Кочан, со оглед дека и тој има градежна фирма. Вицепремиерот Анѓушев, дематира дека Кочан бил на средба, а единствено потврдува дека во владата имал средба со луѓе од градежните компании, Гранит, Бетон, Илинден.