Кобниот автобус бил на технички преглед минатиот месец

by fokus

Автобусот којшто изгоре и во кој загинаа 45 патници на автопатот „Струма“ во Бугарија, а е во сопственост на „Беса транс“ бил последен пат на технички преглед минатиот месец.

Според неофицијални информации на Фокус, автобусот поминал технички преглед на 5 октомври оваа година, но засега нема информации во која станица за технички преглед. Според фотографиите на Фејсбук страницата на „Беса транс“, автобусите кои се објавени се релативно нови.

Во бугарските медиуми беа пласирани многу информации за причините за трагедијата.

– Патот е во перфектна состојба. Овде станува збор за грешка на возачот. Нема можност автобусот да се зализгал на патот, нема знаци на кочење. Автобусот се запалил од предниот дел. Во самиот автобус имало туби со нафта, изјавува Пиргов, додавајќи дека огнот започнал од предниот дел на автобусот, најверојатно во системот за греење.

Eкспертот за патишта Јонко Иванов пак за бугарската Нова ТВ изјави дека постојат три можни причини за несреќата со македонскиот автобус на автопатот Струма.

-Може да се работи за технички дефект. Тоа може да биде здравствен проблем или возачот да заспие. Третото е дека ако врнело можело да придонесе за трагедијата. Ваквите автобуси најчесто се со двајца возачи. На граница треба да им се пресретнат одморите.

Автобусот се натоварил час и половина порано, што значи дека возачот бил во добра форма. Автобусот излегол од лентата најмалку 50 метри, а возачот се обидел да го задржи автобусот на коловозната лента, ме натера да помислам дека можеби станува збор за некаков здравствен проблем, објаснува Иванов.

Сепак што се случило синоќа на автопатот ќе треба да покаже истрагата која ќе ја водат бугарските власти.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости