Кобна сообраќајна несреќа кај Севилја: Загина фудбалерот Хозе Антонио Рејес

by Fokus

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Шпанија и меѓудругите, на Реал Мадрид, Хозе Антонио Рејес (35) загина во сообраќајна несреќа во Севилја. Инцидентот, според информации од Пиринеите, се случил претпладнево на пат што од неговиот роден град Утрера до главниот град на шпанската покраина Андалузија.

Рејес ја почна фудбалската кариера во Севилја за која, како најмлад дебитант заигра на 16-годишна возраст. По пет сезони во матичниот клуб направи трансфер во Арсенал за 30 милиони евра и беше дел од „непобедливата“ генерација на „топчиите“ која под водство на Арсен Венгер ја освои титулата во Премиер лигата без загубен натпревар.

Негови наредните станици по лондонскиот клуб беа Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Бенфика пред кам-бекот на стадионот „Рамон Санчез Пискуан“. Во тимот од Андалузија мина нови четири сезони по што заигра и за Еспањол, за Кордоба, за Шинџијанг во Кина и за Екстрамадура.

Фото: catalunyapress.es

 

Поврзани новости