Коалицијата Вреди: Али Ахмети се исплаши од Таравари, Бујар Османи оди курбан

by Fokus

Изјавата на Ахмети за “големата вест” потврдува најмалку две работи. Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени од нафталин покажува целосна немоќ да ги претставува Албанците на највисоко политичко ниво. Крајно понижувачки за митот за Али Ахмети е да излегува со вакви бајати тези само за да конкурира на предлогот на кандидатот на здружената албанска опозиција др. Арбен Таравари во иднина изборот на шефот на државата да се прави во Собрание, соопштија од коалицијата Вреди.

„Втората, дека сеуште живеат во филмот дека имаат монопол на принципите за стратешкото партнерство во ЕУ и САД. Наместо да се мачат како да објаснат зошто Али Ахмети се плаши да излезе на изборен мегдан, и затоа ќе го жртвуваат Бујар Османи, нека излезат од теснопартиските интереси и нека го подржат Арбен Таравари за прв претседател Албанец.

Логично се поставува прашањето: зошто ДУИ сака да го подели гласот на албанците? На кого му служи Али Ахмети со овој потег?

Коалицијата “Вреди” не се бори за утешни награди туку за чесна и реална улога на Албанците во политичкиот живот. Ахмети ако веќе не е способен да се бори за интересите на Албанскиот народ, чесно е да замине во политичка пензија“ наведуваат од Вреди.

Поврзани новости