389
Коалицијата ВМРО за Македонија донесе одлука да учествува на претстојните локални избори со свои кандидатски листи за советници и градоначалници во безмалку сите општини на ниво на Република Македонија, соопштија на денешната прес конференција.
„Воедно, меѓу останатите одлуки е и изборот на Републички Изборен Штаб кој што ќе го предводи генералниот секретар на ВМРО-Народна партија, господинот Љупчо Балкоски, а во кој состав влегуваат и коалиционите партнери од Обединети за Македонија и Достоинство.
Истотака коалицијата одлучи да биде отворена за разговори за можни коалицирања со останатите политички субјекти во Република Македонија“, соопштија од коалицијата ВМРО за Македонија.