Коалициите ги правиме поради насоките од самите граѓани. Тоа што победува успева да испорачува и слично треба да остане како заедничка понуда и затоа и заеднички ќе настапиме на локалните избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој повтори дека некаде соработката ќе биде уште во првиот круг, таму каде што тоа е возможно, некаде во вториот круг, а некаде, како што рече може да се случи ДУИ и СДСМ да имаат кандидати во втор круг.
-Така што, после победата ќе се прават коалициите и после завршување на самите избори, но, истовремено коалицијата ја фиксираме односно заокружуваме и со БЕСА и со ДПА, која што исто така се значаен фактор во Парламентот и во Владата и со другите помалку бројни партии од Турците, од Ромите, од Бошњаците, од Власите, од Србите коишто се наши коалициони партнери, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали со поддршката што СДСМ му ја дава на ДУИ не се кратат шансите на останатите партии односно можноста Албанците во Македонија да имаат можност да изберат друга опција.