84
До Управниот суд синоќа пристигнала тужба од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.
Управниот суд треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
ДИК вчера на седница не го прифати приговорот од „Европскиот фронт“ за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.
По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.
Во Собранието вчера се одржа конститутивна седница, на која беа верифицирани мандатите на 118 пратеници.