Доставен е приговор од страна на коалицијата „Европски фронт“ за прегласувањето на Избирачкото место 2021 во селото Ларце во Општина Желино, велат од Државната изборна комисија (ДИК).
Во рок од 72 часа од пристигнувањето на приговорот, ДИК е должна да донесе одлука. На решението од ДИК, кандидатите имаат право да поднесат тужба до Управниот суд, кој по приемот на истата во ток од 48 часа треба да одлучи по неа.
Прегласувањето на парламентарните избори во изборната единица 6 ја намали разликата на освоени мандати на двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државата.
Коалицијата „Вреди“ сега ќе има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 мандати на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места.