Петар Гошев, поренешен пратеник, министер и гувернер на НБРМ порача дека е време да размислиме што ни значат празнувањата поврзани со македонската држава – дали само благодарност кон сите учесници во разните револуционерни битки за создавање и развиток на македонската држава, или и доказ дека нивните дела се претвориле во инспирација на генерациите по нив за надградување на нивната оставнина.
„Ако е само првото, тоа би значело дека прославуваме само стари победи, а на народ без нови победи не му се пишува добро. Инспираторите за овие празници, може да бидеме сигурни, дека повеќе би го сакале второво, зашто за тоа и ги вложиле нивните животи.
Во последните три децении, за жал, книгата за испишување на нашата историја сé повеќе станува ‘Книга на срамот и поразите’ отколку бележник за надградба на нивите дела. Иако некому може да му прозвучи пресилно, започнавме да испишуваме сé повеќе страници за убивање на сопствената држава – за арчење на наследството од нив“, вели Гошев во изјава за Дојче веле.