„Книга за Петре“ со книга од Петре во „Литература.мк“

by Fokus

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, од денеска (25.06) до недела (30.06), во сите наши книжарници и онлајн преку www.literatura.mk, со секоја купена „Книга за Петре“ следува подарок книга од Петре М. Андреевски.

https://bit.ly/knigazapetre

Акцијата важи за сите книги од Петре М. Андреевски објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Новото издание „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“ на „Арс Ламина“ и содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата, како и илустрациите на страниците, се дело на синот на Петре М. Андреевски, познатиот сликар Сергеј Андреевски. Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети.

Книгата беше промовирана денеска (25 јуни), во 12 часот, во амфитеатарот на МАНУ. Кон делото се осврнаа Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска.

ПР

Поврзани новости