Во библиотеката „Ada Community“ во Ајдахо, САД, хит книга е „„The Adventures of Dillon Helbig’s Crismis“. Веројатноста дека сте слушнале за неа е мала, бидејќи таа е дело на осумгодишниот Дилан Хелбиг.
Момчето само ја напишало книгата, па во декември минатата година скришно ја оставило на полица. Тоа напишало и насликало 81 страница во црвена тетратка, па таква ја оставило во делот „книги за деца“.
Хелбиг во книгата раскажува како ја украсува новогодишната елка на Денот на благодарноста кога ѕвездата го носи на Северниот пол. На крајот, се појавува озлогласениот Гринч.
По два дена Дилан ѝ признал на мајка си дека напишал книгата и ја оставил во библиотеката, па отишле да ја земат, но ја немало. Мајката оставила број за контакт доколку ја најдат, да им ја вратат, затоа што сакала да ја чуваат.
„Ја најдовме книгата. Беше јасно дека станува збор за посебен примерок од кој не можевме да се ослободиме така лесно. Дилан е самоуверено и дарежливо момче. Тоа само сакало и другите деца да уживаат во неговата приказна”, изјавил менаџерот на библиотеката, Алекс Хартман.
Книгата на момчето официјално била додадена во колекцијата на библиотеката и на тој начин неговиот сон се исполнил.
„Од петгодишна возраст сакам да ја видам мојата книга во библиотека. Како дете често одев во библиотеки“, раскажало момчето.
„Вашингтон пост“ напиша дека момчето ја добил наградата „Вудини“, што библиотеката ја доделува на најдобрите млади романсиери. Интересот за книгата е толку голем што имало и листа на чекање за неа. Се пријавиле 55 читатели. Тие можат да ја позајмат книгата на четири недели, но, поради големиот интерес, само една. Дилан веќе подготвувал и продолжение, а во него ќе се појави и неговото куче Расти.