Република Северна Македонија е единствената земја за која Европската комисија е категорична дека може да започне преговори, па ако земјата за која ЕУ верува дека е најдобро подготвена да го започне преговарачкиот процес повторно е блокирана поради билатерални проблеми, тогаш целиот регион ќе страда, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус.
-Единствениот излез е сите да признаеме дека Бугарија има свое читање на историјата, што е различно од толкувањето во Република Северна Македонија. Ова не значи дека бугарското гледиште е погрешно или невистинито. Ниту, пак, дека Бугарија треба повторно да ја пишува својата историја. Но, тоа сигурно значи дека Бугарија не може да побара од својот сосед да прифати бугарско толкување на историјата. Актуелната македонска влада е најдобриот можен партнер за Бугарија. Обратната страна на медалот е намерната и бесецелна манипулација со историјата што ја видовме во времето на Никола Груевски – вели Кнаус. – вели Канус во интервју за Бугарското национално радио.
Кнаус нагласува дека ако Бугарија инсистира Република Северна Македонија да го прифати бугарското толкување на историјата во последните 100-150 години, треба да знае дека тоа е „изгубена работа“. Според него, владата во Скопје има само една опција – и покрај блокадата, да продолжи со реформите, да продолжи со соработката со ЕУ за да се приближи до членството.
-Бугарија нема да добие ништо друго освен непотребна напнатост со соседот и недоразбирање од страна на европските партнери. Нема победници во овој спор. Нема македонска влада што признава дека идентитетот на нејзиниот народ е комунистичка измислица – истакнува Кнаус.
За тоа дали Германија како претседавач со ЕУ и најмоќна земја во ЕУ, може да помогне да се решат отворените историски прашања, тој смета дека Берлин е од помош, но не со притисоци.