Клуге: Вакцините од Ковакс во Македонија ќе стигнат за неколку недели

by fokus

Вакцините преку Ковакс системот во Македонија ќе стигнат за неколку недели, вели Ханс Клуге, регионален директор за Европа на Светската здравствена организација  во интервју за Телма. Но тој не кажува конкретен датум, се додека УНИЦЕФ и произведувачот не го договорат транспорот на вакцините.

Ханс Клуге вели дека е потребно да се има трпение бидејќи сите земји во светот се соочуваат со недостаток од вакцини. Македонија од КОВАКС системот може да ги очекува вакцините на Астра Зенека, кои Клуге вели дека се ефикасни, и покрај тоа што некои земји привремено ја прекинаа имунизацијата со оваа вакцина, поради несакните ефекти, кои според СЗО се мали во споиредба со целокупното население.

Клуге прогнозира дека уште оваа година ќе се справуваме со пандемијата, но за разлика од лани, оваа година ќе можеме подобро да ја контролираме и менаџираме.

Поврзани новости