Северна Македонија е на добар пат да и се приклучи на ЕУ, со нетрпение вe очекувам таму, порача претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со премиерот Ковачевски.
„Неверојатно е да се види напредокот којшто Северна Македонија го постигна и решителноста да се движи напред тоа е импресивно.ЕУ има долга историја на проширување и почитување на сите и секоја нација и почит за разноликоста која претставуваме. Северна Македонија ќе ја пречекаме со нејзиниот уникатен идентитет и со македонскиот јазик“, изјави фон дер Лајен.
Таа нагласи декз земјата треба да продолжи со реформите, а разговорите со премиерот ги нарече одлични.
На прашањето што ако не се донесат уствните измени, таа кажа дека „Северна Македонија е суверена држава со сопствен избор“.
„Изборот е ваш. Навистина се надевам дека сите партии ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните измени. Сите партии имаат одговорност за иднината на државата“ рече претседателката на ЕК.
Нагласи дека процесот се занова на заслуги и никој не треба да чека одреден датум.
„Колку побрзо одат реформите, толку побрзо ќе се движите напред, порача Фон дер Лајен.