Клучна средба утре меѓу Заев и Ахмети на која се очекува конечен договор за влада, велат од ДУИ

by Fokus

Демократската Унија за интеграција денеска преку соопштение известува дека во разговорите одржани на ниво на партиски секретари меѓу Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ постигнат е сериозен напредок скоро во сите прашања кои што водат до договор за нова Влада.

Од таму информираат дека утре ќе има средба меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, утре ќе се одржи клучна средба меѓу претседателите Али Ахмети и Зоран Заев каде се очекува да биде постигнат конечен договор за нова, стабилна Влада, посветена на четиригодишен мандат“, велат од ДУИ.

Поврзани новости