Клуч на врата

by Fokus

Помеѓу ДПМНЕ и СДСМ постои согласност СЈО да се потопи!? Се укажува на тоа, а најмногу логиката засилена со дваесет и осум годишно искуство.Ниедна политичка партија не сака силна институција каква што требаше да биде СЈО бидејќи иако се денес власт, утре ќе бидат под опасност од евентуален прогон. Затоа, што си е сигурно. сигурно е- клуч на врата

Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

 

Таман се одлучив да земам мала пауза од пишување колумни во „Фокус“, што поради премногу ангажмани на повеќе полиња, а делумно и да се остави простор за да се креираат теми за пишување, македонскиов циркус не ме остава раат.Кај и реков на Јадранка да паузирам до крајот на септември, како само тоа да чекаше циркузов за да убаци во петта брзина со хиперпродукција на измет.

И како што си помисливме дека небулозите поврзани со СЈО и Катица Јанева завршија со одредувањето притвор за Јанева и менувањето на нејзиниот статус од сведок во осомничена во мега аферата Рекет, пред една недела нов шок- од притвор, во својство на осомничено лице Катица Јанева прати допис со кој го ополномоштува Републичкото Јавно Обвинителство да ги преземе предметите на СЈО. Полномошно ли е, согласност ли е, никој од нас не разбра.

И ДА Е ОД ЈАНЕВА, МНОГУ Е

Настрана фактот што таква можност во важечките казнено правни процесни одредби НЕ ПОСТОИ( за разлика од цивилните, кривично процесните одредби кај нас не познаваат т.н. заменичко полномошно) Катица Јанева заборава или, попрецизно кажано, не знае дека ова нее граѓанско правна постапка како и дека овластувањата да ги раководи овие предмети ги црпи од ЗАКОН( конкретно Законот за СЈО како Lexspecialis) при што не е возможно тоа овластување да се пренесува, нити со допис нити со полномошно нити никако. И да е од Јанева, многу е.

Секако, проблем не гледа Републичкиот обвинител кој смета дека со дописот на Јанева нема пречки да се продолжи со работа на предметите на СЈО од страна на редовните обвинителства. Ова пртставува сериозен проблем од два аспекти. Првенствено ова е проблем бидејки во кривичните постапки постои нешто што се нарекува ОВЛАСТЕН ТУЖИТЕЛ. Овластен тужител во постапките на СЈО е, погодувате- СЈО.

Законот за СЈО онака лошо скроен во овој дел ( веројатно намерно) не предвидува можност еднаш воспоставена надлежност од страна на СЈО да може да се препраќа како ќе ѝ прдне на Катица, да ми извините на израз.Не смее да се заборави дека прашањето дали постои обвинение поднесено од овластен тужител  претставува суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, што би довело до укинување на било какви пресуди. За овој факт, кој не е непознат, сите од политичките фактори се прават глуви. Интенционално.

Оваа состојба е можно да се надмине со законски измени, но извршната власт и со тоа мачи мака, или пак искрено не сака тоа да го направи. Сепак и не се така нова власт, односно се на власт веќе три години, од кои две години апсолутна.

Вториот, и за мене, посериозен проблем е што сега предметите ќе ги води редовното обвинитество. Забога, па зарем не се формираше СЈО токму бидејќи редовните обвинителства беа длабоко инфестирани од политичко влијание и корупција? Три години, сем Зврлевски, ниту еден политички извршител во обвинителствата на претходната извршна власт не е ниту санкциониран ниту разрешен. И како сега ќе не убедуваат дека обвинителствата имаат капацитет? Се проветриле од политичката реа? Не би рекол.

МОЛКОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

Судбината на обвинителите на СЈО, пак, е почиста- тие ќе се вратат од обвинителствата од  каде и дошле. Но сериозен проблем ќе бидат нарушените меѓучовечки односи и работна атмосфера. Делумно таа е потикната до љубомора на редовните обвинителства, што поради три пати поголемите плати, но многу повеќе и поради одличните услови во кои работеа обвинителите на СЈО наспротив мизерните во кои работеа и работат редовните обвинителства. Секако сол на рана се и драматуршките пориви на дел до обвинителите при СЈО и себе прокламираните статуси на ѕвезди. Чарлиеви ангели, де.

„Фокус“ веќе пишуваше дека постои и лична причина за ваквото постапување на Јанева. Имено, притворот ѝ е одреден по сите три основи, а со еден потег таа се ослободува од два- можност за повторување на делото и можност да влијае на истрагата и сведоците. Со овој став се согласувам и ова ќе отвори можност веќе наредниот месец Катица да си замине во домашен притвор или со полесна мерка. Не е дека баш сега станала совесна после цела пиздарија која ни ја приреди.

Крајно индикативен е и молкот на меѓународната заедница која седо вчера беше силен поддржувач на СЈО.Повеќе пати сум истакнал, а ќе повторам и сега, дека помеѓу ДПМНЕ и СДСМ постои согласност СЈО да се потопи. Се укажува на тоа, а најмногу логиката засилена со дваесет и осум годишно искуство.Ниедна политичка партија не сака силна институција каква што требаше да биде СЈО бидејќи иако се денес власт, утре ќе бидат под опасност од евентуален прогон. Затоа, што си е сигурно. сигурно е- клуч на врата.

Поврзани новости