Клисаровска за „Фокус“: Просторијата каде што се спрема терапијата за болните од рак беше отворена и достапна за сите, можел да прави кој што сака

Тоа значи дека во еден ист момент, во тој простор непотребно се движеа и сестри, кои не се вклучени директно во процесот на припрема. Јас тој дел го обезбедив, односно го затворив од сите страни. Преку едно посебно прозорче се подава и сестрата од другата страна ја зема приготвена терапијата. Тоа значи дека се направи ред во просторијата, каде што се припремаат лековите. За таа просторија редовно има распоред и точно се знае кои медицински сестри во кој ден, во кој период биле таму. Непотребно, никој друг не смее да влегува. Секако, со други мерки е преземено да може да се има еден постојан увид.

by Fokus

Доктор Виолета Клисаровска, долги години работи како онколог на скопската Клиника за онкологија, а лани во ноември седна на директорската фотелја и управува со клиниката, која повеќе од еден месец е мета на предистражна постапка за препродажба на лекови и загрозување на здравјето на пациентите. Клисаровска во интервју за „Фокус“ објаснува со какви проблеми се соочила кога стапила на функцијата, посочувајќи дека, иако буџетот на клиниката за лекови е зголемен, сепак тој не е доволен за реалните потреби, како и за зголемениот број нови пациенти. Таа, исто така, истакнува дека клиниката има итна потреба од нови вработувања, како и дисперзија на пациентите во другите онколошки одделенија низ државата.

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА

ФОКУС: Може ли да ни објасните како еден лек стигнува од клиничката аптека до самиот пациент?
КЛИСАРОВСКА:
Веднаш по амбулантскиот преглед кај докторите и пропишувањето на терапијата, пациентот се јавува во нашата дневна болница, во амбулантскиот дел. Пациентот со пропишана терапија се обраќа до дневна болница, каде што треба да му биде аплицирана терапија. Влегува заедно со своето медицинско досие. Сестрите ја подготвуваат терапијата и по претходно сместување, пациентот почнува да ја прима. Лековите од условниот буџет седат во клиничката аптека, која просторно е во еден ист заеднички дел со дневната болница, но со посебно обезбеден пристап во неа. Сестрата, кога ќе види дека потребниот лек се чува во клиничката аптека, се обраќа таму и го подигнува лекот, за потоа во состав на дневната болница во просторијата за подготовка се припрема лекот и истиот му се аплицира на пациентот.

ФОКУС: Презедовте ли некои дополнителни безбедносни мерки?
КЛИСАРОВСКА: Она што можев во тој момент да го дообезбедам беше просторијата каде што се подготвуваат лековите.

ФОКУС: Како изгледаше просторијата?
КЛИСАРОВСКА: За да се подготви некој лек, нормално е дека вие мора да го имате лекот во рака, а тоа значи да го подигнете од клиничка аптека и да дојдете до моментот тој да биде отворен и растворен на соодветен начин за апликација. Во таа просторија каде што се сместени дигесторите, бидејќи има посебна процедура во припремањето на лековите заради заштита на медицинскиот персонал, просторот беше неограничен, односно отворен кон деловите каде што се присутни пациентите.

ФОКУС: Значи, до таа просторија имаа пристап сите?
КЛИСАРОВСКА: Тоа значи дека во еден ист момент, во тој простор непотребно се движеа и сестри, кои не се вклучени директно во процесот на припрема. Јас тој дел го обезбедив, односно го затворив од сите страни. Преку едно посебно прозорче се подава и сестрата од другата страна ја зема приготвена терапијата. Тоа значи дека се направи ред во просторијата, каде што се припремаат лековите. За таа просторија редовно има распоред и точно се знае кои медицински сестри во кој ден, во кој период биле таму. Непотребно, никој друг не смее да влегува. Секако, со други мерки е преземено да може да се има еден постојан увид.

ФОКУС: Дали со тоа што претходно цела просторија била отворена и достапна на сите, постоело можност да се прават манипулации со терапиите?
КЛИСАРОВСКА: Факт е дека ние како лекари на клиниката во претходниот период сме имале дослушнувања дека има одредени недостатоци на лекови. Затоа, кога ме именуваа најсериозно и најодговорно ја сфатив таа задача, дека тука треба посериозно да се поработи и да се обезбедат лековите. Во моментот можев само на тој начин, а доказ дека тоа е направено многу брзо по моето именување е фактот е дека уште во февруари ние со јасни докази ја фативме медицинската сестра во кражба, која доби отказ бескомпромисно. Еден од вработените од клиничката аптека е суспендиран во времето на претходниот директор. Така што, во овој дел мислам дека обезбедувањето со можностите и ресурсите што ги имаме на располагање е мошне подобрено.

Дополнително, по мое барање се прават редовни, чести, но и вонредни пописи за да се следи состојбата со лековите. Последен таков вонреден попис на лековите што го побарав беше во последниот работен ден во септември. Со таквите вонредни неочекувани пописи сметам дека исто може да се забележи дали постои некаде манипулација со количеството, односно со лековите.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости