Клисаровска за “Фокус”: Претходниот директор само со свој потпис давал амин кои пациенти болни од рак ќе примаат биолошка терапија

Од ноември 2022 година воспоставени се утринските состаноци. На секоја здравствена институција должност ѝ е да има утрински состаноци. Таму присуствуваат сите лекари-специјалисти и специјализанти. И на ваквите состаноци се прават стручни анализи, се споделуваат информации, се реферира за дежурство, се зборува за сите тековни работи во клиниката. Кога имаме позначаен дневен ред се прават и записници.

by Fokus

Доктор Виолета Клисаровска, долги години работи како онколог на скопската Клиника за онкологија, а лани во ноември седна на директорската фотелја и управува со клиниката, која повеќе од еден месец е мета на предистражна постапка за препродажба на лекови и загрозување на здравјето на пациентите. Клисаровска во интервју за „Фокус“ објаснува со какви проблеми се соочила кога стапила на функцијата, посочувајќи дека, иако буџетот на клиниката за лекови е зголемен, сепак тој не е доволен за реалните потреби, како и за зголемениот број нови пациенти. Таа, исто така, истакнува дека клиниката има итна потреба од нови вработувања, како и дисперзија на пациентите во другите онколошки одделенија низ државата.

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА

ФОКУС: Ги вративте и стручните состаноци?

КЛИСАРОВСКА: Од ноември 2022 година воспоставени се утринските состаноци. На секоја здравствена институција должност ѝ е да има утрински состаноци. Таму присуствуваат сите лекари-специјалисти и специјализанти. И на ваквите состаноци се прават стручни анализи, се споделуваат информации, се реферира за дежурство, се зборува за сите тековни работи во клиниката. Кога имаме позначаен дневен ред се прават и записници.

ФОКУС: Вие формирате Онколошки конзилиум, кој одлучува кои пациенти ќе примаат биолошка терапија, а претходниот директор само со својот потпис давал амин, кој ќе ја прими таа терапија?

КЛИСАРОВСКА: Јас колку што знам, тоа е само негова одлука. Ние не сме информирани дека некој тоа го побарал, така што не сметам дека е правилно и токму поради тоа јас го формирав Онколошкиот конзилиум.

ЈАС НЕ ОДЛУЧУВАМ КОЈ ЌЕ ДОБИЕ ТЕРАПИЈА

ФОКУС: Во тој период, со потписот на директорот, биолошка терапија можел да добие и кој нема потреба, а да остане без терапија тој што реално има потреба од неа?

КЛИСАРОВСКА: Точно! Сега во моментов во Онколошкиот конзилиум членуваат сите раководители на одделенијата како најискусни онколози, кои одлучуваат, одобруваат или не пациентот да почне со некои од лековите, кои не се на позитивната листа. Значи, Конзилиумот ги разгледува само лековите, кои спаѓаат под условниот надоместок, бидејќи тука ни се и поголемите проблеми. Онколошкиот конзилиум заседава еднаш неделно, по потреба и почесто. Од секоја седница се изработува записник, кој ги содржи сите прецизни информации. Секој пациент посебно се реферира и со одлука на Конзилиумот му се одобрува или не терапијата.

ФОКУС: По одлуката на Конзилиумот, каква е процедурата?

КЛИСАРОВСКА: Одлуката се впишува на посебен формулар, каде што стои јасно одлуката, лекот, дијагнозата и потписите на членовите од Онколошкиот конзилиум. Таква одлука заедно со записникот станува прилог во нашата документација, но и таа се става и во историјата на пациентот. Кога тој ќе се обрати за терапија, сестрите во дневна болница мора да ја погледнат одлуката и својствено на тоа да го вклучат пациентот на терапија.

ФОКУС: За разлика од претходниот директор, вие се изземавте од одлуката и потпишувањето за биолошка терапија. Зошто?

КЛИСАРОВСКА: Како медицински директор, јас се изземав од одлучувањето и потпишувањето. Јас присуствувам на седниците на Конзилиумот, меѓутоа со друга цел, со намера да профункционира како што треба, со оглед на тоа дека беше новитет во нашата клиника, да бидат целосно информирани членовите со сите потребни информации, кои во моментот се битни во одлучувањето. Многу важно е секогаш да бидат информирани со состојбите со лековите и затоа на секој од конзилиумот присуствува и раководителот на Клиничката аптека и во еден акт на таа седница, сите лекари ги добиваат најбитните информации за моменталната состојба. Како решение на овој проблем се и клиничките протоколи /упатства/ насоки, како работни верзии и упатства за дијагноза, третман и следење пациенти со малигни болести, различни според локализација на болеста, вкупно 15 работни верзии со 15 различни локализации.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости