Поранешниот американски претседател Бил Клинтон изјави дека уште во 2011 година знаел дека е „само прашање на време“ кога рускиот претседател Владимир Путин ќе ја нападне Украина.
Цитирајќи ја изјавата на Клинтон при појавување со неговата сопруга Хилари, новинарот на Фајненшал тајмс Џошуа Шафин напиша:
„Бил Клинтон кажа дека сфатил уште во 2011 година дека е само прашање на време кога Путин ќе тргне на Украина, по разговорот што го имал со рускиот претседател во швајцарски Давос“.
Шафин наведува дека за време на таа средба Клинтон кажал дека Путин го отфрлил договорот со САД, со кој се сложил неговиот претходник Борис Јелцин, а тоа е да се почитува украинската територија, а за возврат Киев да се откаже од нуклеарниот арсенал од советско време.
-Путин во 2011 година ми кажа, значи три години пред да го освои Крим, дека не се сложува со договорот кој го склучив со Јелцин – кажал Клинтон.