Марк Цукерберг „треба да плати цена“ за она што и го прави на демократијата, вели Хилари Клинтон и изрази сомнеж дали се можни слободни и фер избори, во пресрет на одлуката на Фејсбук да не го проверува политичко рекламирање.
Таа смета дека е неизбежно лажните информации на Фејсбук да влијаат на изборите бидејќи оваа „пропаганда функционира“. Во 2016 година, лажна вест на Фејсбук дека папата Франциск го поддржал нејзиниот противкандидат Доналд Трамп, навистина има големо влијание и предвидува дека само ќе биде уште помоќен импактот да оди во нагорна линија бидејќи е веќе тестиран.
„Цело време добиваме сигнали за предупредување за тоа што се случува во моментов и како тоа веројатно ќе влијае на нашите следни избори“, вели Клинтон.
Таа објаснува како кога започнале да пристигнуваат првите извештаи со руска вклученост, нејзиниот тим се обидел да го издигне на повисоко ниво прашањето, но било невозможно некој да го сфати сериозно.