Јавната установа што ги врши потребните набавки за јавните здравствени установи, универзитетските клиники и ургентниоѕ центар спроведува тендерска постапка за набавка на медицински ракавици, чија проценета вредност изнедува 18,8 милиони евра со вклучен ДДВ, или околу 307 илјади евра.
Во огласот за склучување на договорот за јавна набавка се наведува дека набавката се однесува на вкупно 1.754.500 пара нестерилни ракавици од природен латекс со и без талк, нестерлини прегледни ракавици од нитрил и стерилни хируршки ракавици.
За да ја минат фазата на евалуација и да стасаат до електронската аукција, заинтересираните компании/добавувачи мора да бидат регистрирани за соодветна дејност и да поседуваат решение за промет на големо на медицински средства согласно Законот за лекови.
Притоа, во тендерската документација не се наведени други услови за доделување на набавката, во смисла на минимална граница за обврт на средства во определен период, неопходен број на вработени и стручен кадар и сл.
Како критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена, а јавното отворање на понудите е закажано за 6 април.