Клиниките ќе се спојат во еден Клинички центар на почетокот на следната година, очекува Меџити

by Fokus

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари следната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.

„Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со Фондот за здравствено осигурување, значи на почетокот на годината. Сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува, значи од Први јануари следната година да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме“, одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на  апликацијата „Мое здравје“.
Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори:

“Тоа се организациски директори. Да, едвај чекам тоа да се случи. Нема да има загуби како оние на заедничките служби од 20 милиони евра, а кои не знаат што работат. Тогаш ќе се знае точно што се работи, ќе се штеди и ќе има поголема соработка меѓу клиниките. Тоа го имало и претходно и било добра работа. Политички притисоци не ме интересираат. ЕУ го бара ова како скрининг и мора ова да се направи, здравството да функционира”, рече Меџити.

Поврзани новости