Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари следната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники.
На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори:
“Тоа се организациски директори. Да, едвај чекам тоа да се случи. Нема да има загуби како оние на заедничките служби од 20 милиони евра, а кои не знаат што работат. Тогаш ќе се знае точно што се работи, ќе се штеди и ќе има поголема соработка меѓу клиниките. Тоа го имало и претходно и било добра работа. Политички притисоци не ме интересираат. ЕУ го бара ова како скрининг и мора ова да се направи, здравството да функционира”, рече Меџити.