Клиника „Жан Митрев“ – здравствена установа со голема доверба меѓу граѓаните

by Fokus

Во последната седмица од април во Клиника Жан Митрев биле направени рекорден број дијагностички прегледи од почетокот на годината, вкупно 1610, најголем број МР (магнетна резонанса) 40, рендген прегледи 108, интернистички прегледи биле направени 469, а во само таа недела биле изведени и 19 кардиохируршки операции. Вкупниот број операции од почетокот на годината заклучно април кој беше најуспешен месец до сега изнесува 657 од кои 281 кардио операции, информираат од Клиниката.

Оттаму велат дека „зголемениот обем на работа е резултат на довербата на граѓаните во услугите на овој специјализиран здравствен центар, квалитетот на здравствените услуги и професионалноста на медицинскиот персонал предводен од д-р Жан Митрев“.

„Довербата на граѓаните во работата на Клиника Жан Митрев се зголемува и покрај постојаниот притисок врз целиот тим и опструкциите во работата предизвикани од неоснованите обвиненија и диригираната хајка. И покрај ваквите тенденциозни обвинувања, Клиника Жан Митрев останува посветена на својата општествена функција и здравјето на сите граѓани, да обезбеди врвна здравствена услуга и професионална нега на пациентите“ стои во соопштението.

Поврзани новости