Клиника Жан Митрев: Целосно соработуваме со институциите и нема што да криеме

by fokus

Откако денеска доктор Жан Митрев беше повикан на распит во Обвинителатвото и против него беше отворена истрага за измама, со соопштение се јавија и од Клиниката.

-Во врска со денеска објавените информации би сакале да информираме дека денеска д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО беше таму и даде своја изјава. За понатамошниот развој ќе ве информираме соодветно.

Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти.
Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста.

Искрено веруваме дека само со транспарентен однос и отворена соработка можеме да и служиме на вистината и на етичките и моралните вредности според кои работиме, велат од Клиниката.

Поврзани новости