Клиника „Жан Митрев“: Одговорни лица деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби

by Fokus

Во последните неколку денови одговорните лица од Клиничката болница „Жан Митрев“ се во контакт со инспекциските служби од МАЛМЕД, ДСЗИ, како и Основното јавно обвинителство и МВР, со цел достава на бараната документација, соопштија од приватната Клиника Жан Митрев.

Како и досега, посочуваат во соопштението, „во интерес на утврдување на фактичката состојба, остануваме на располагање за соработка со сите официјални државни органи“.

– Ги повикуваме медиумите и сите страни од интерес да се воздржат од превремено донесување заклучоци и изнесување разни шпекулации, наведуваат од Клиниката.

Обвинителството во понеделникот по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.

Поврзани новости