Клиника Жан Митрев: Непречено продолжуваме со работата

by fokus

На Клиниката Жан Митрев вчера е примено новороденче со телесна тежина од 1,2 килограми во нестабилна состојба, кое по 22 дена поминати на интензивна нега, е пренесено во оваа клиника и се прават сите предоперативни анализи, за да може да биде оперирано во текот на следната недела, соопшти денеска Клиниката „Жан Митрев“.

Отаму потенцираат дека непречено продолжуваат да ги изведуваат сите услуги поврзани со вродените срцеви мани на деца од раѓање до 18 години.

-Сите трудници кај кои е констатиран или ќе се констатира плод со вродени срцеви аномалии, како и досега, подлежат на бесплатни прегледи и се примаат во нашата Клиника, без никаков застој. Пред се, за доброто на нашите пациенти, Клиниката останува отворена за сите, се вели во соопштението.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пред четири дена  најави дека ќе испитува дали е законска постапката за доделување на лиценцата за вршење дејност од областа на детска кардиохирургија на специјализираната болница по хируршки болести „Жан Митрев“, како ќе работи оваа болница откако единствениот лиценциран детски кардиохирург Владимир Чадиковски што беше анагажиран таму даде отказ, и дали се исполнети условите за еднострано раскинување на договорот.

Поврзани новости