Клиника за гинекологија: Податоците за смртта на новороденчиња се извадени од контекст

by fokus
 Од Клиниката за гинекологија и акушерство со писмено соопштение ги демантираат информациите од текстот „Почина уште едно бебе, здравствените власти молчат”.
Нивната реакција ја пренесуваме во целост.
– ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје најостро реагира на текстот поради тенденциозното продолжување на изнесување на необјективни и невистинити податоци за целокупниот лекарски колегиум како и невистини кои го нарушуваат угледот на клиниката, установа со седум децениско постоење, реномирани доктори и докажани позитивни резултати.

ЈЗУ У ГАК – Скопје секојдневно се соочува со тешки случаи кои биле примени на нашата клиника или пак биле препратени од внатрешноста или пак од некоја од приватните гинеколошки болници.

Податоците кои и овој пат се изнесени се целосно извадени од контекст .

Како потврда за тоа се следните податоци:

Во 2015 год во РМ биле родени 23 260 новороденчиња и речиси половина од нив се родени во Скопје од кои пак 49,% на ЈЗУ У ГАК – Скопје. Од нив со извонредно тешка и многу ризична бременост која животно ги загрозувала плодовите при приемот во ГАК, а воедно истите биле испратени од сите центри во РМ, вклучувајќи ги и приватните болници и нивниот број изнесувал 11,6%. Од сите овие случаи со извонредно заложување на гинеколошкиот и педијатрискиот тим на ЈЗУ У ГАК биле спасени 85,3% од животно загрозените новороденчиња. Од преостанатите новороденчиња најголемиот број биле со мултипни аномалии од кои голем дел не се прекинати во тек на бременоста по желба на родителите, иако биле запознаени со тежината на морбидитетот на плодот и евентуалниот постпартален морталитет кој кај такви тешки иноперабилни аномалии е извонредно висок и во најразвиените неонатални центри во светот. Како доказ за намалувањето на смртноста на новороденчињата на нашата клиника ви ја приложуваме следната табела.

8958547854-670x633

Со погоре наведеното од наша страна и од наведеното во текстот објавен од страна на новинарката Ирена Мулачка, очигледна е тенденцијата да се наруши угледот на оваа реномирана установа, а со тоа упати и лоша препорака, создаде немир и страв кај сите сегашни и идни пациентки.

Ги демантираме и објавите на новинарката во кои наведува дека именуваната пациентка Николова тврди дека за време на нејзиниот престој изминатата година во периодот од неколку денови ,,секојдневно,, умирале пациентки бидејќи бројот на починати пациентки од изминатата година кој е јавно објавен е 1 пациентка поради исклучително лоша здравствена состојба во која истата била донесена

ЈЗУ У ГАК не само како стучен субјект, туку и како сместувачки капацитет е најсовремената јавна здравствена установа во Македонија. Обвинувањата за нехигиена на клиниката се ноторна лага. Како за пример на анкетата која беше спроведена од надворешен орган во 2015 година ја поставува ГАК на прво место по задоволство на пациентите од хигиенските услови со 96%, додека пак најновите резултати од првото полугодие од годинава се речиси 90% на искажано задоволство од хигиенските услови.

Сите случаи во кои ќе има неповолен исход и компликации, се разгледуваат на Комисијата за заштита и унапредување на квалитетот и работењето на клиниката.

Токму затоа, ја информираме сета македонска стучна јавност како и граѓаните дека со овој подвиг на новинарката Мулачка, како и со НН лицето кое изнесува лични податоци од клиниката се нарушени основните човекови права, нарушен е Законот за заштита на лични податоци, сите морални и етички начела на цивилизираното живеење, нарушен е дигнитетот на медицинскиот персонал, нанесена е тешка психичка повреда врз пациентите чии податоци се изнесени, испратена е искривена слика до јавноста и нарушено е се она со што секое човечко битие поседува – хуманоста ЈЗУ У ГАК – Скопје ќе ги превземе сите правни дејства кои што се под ингеренции на овластените органи, а со цел расчистување на овој случај.

ЈЗУ У ГАК – Скопје бара во наредниот број на Фокус објавување на овој Демант и извинување од страна на новинарката Ирена Мулачка и неделникот Фокус на истото место каде и беше објавен текстот под наслов ,,Почина уште едно бебе, здравствените власти молчат,, како и на сите сајтови и портали каде истиот го имате споделено, во спротивно ЈЗУ У ГАК ќе превземе правни дејства.

Поврзани новости