Клиника за детски болести: Се зголеми вакцинацијата со вакцини кои содржат пертусис, се подигна имунитетот кај децата

by Fokus

Менаџерскиот тим на Јавната здравствена установа Универзитетска Клиника за детски болести – Скопје, денес одржа брифинг со претставници на медиумите во врска со тековното работење во првите три месеци од 2024 година, како и за други поврзани актуелни теми со детското здравје.

Брифингот го одржаа Медицинскиот директор на Клиниката, Доц. д-р Валентина ЦвејоскаЧолаковска и Финансискиот директор, Мр. Аркин Јахији.

Во првите три месеци од годинава, најчестите дијагнози на Детската клиника, но и најчестите дијагнози кои го преокупираа вниманието на јавноста, беа стандардните болести за овој период. Последниве години, во есенските и зимските месеци, доминираат респираторните причинители, како што се Influenza, RSV и SARS CoV2.

Согласно податоците од Клиниката за детски болести, но испоред податоците од Институтот за јавно здравје – институција која е релевантна за собирање и статистика на сите здравствени податоци, оваа сезона есен – зима дополнителнобеше регистрирана појавата ина Голема кашлица, и тоа во форма на епидемија, која ја издвои оваа година од претходните. До сега,во државата се пријавени 410 болни со потврден пертусис, а на нашата Клиника болнички беа лекувани шест деца, доминантно мали доенчиња. Сите деца беа испишани во добра здравствена состојба. Причините за оваа епидемија се должат на значително намалениот опфат со вакцинацијаспоред редовниот календар за имунизација, што резултираше со намален колективен имунитет. Инаку, пред епидемијата, последни пријавени спорадични случаи на Голема кашлица беа забележани во 2018 година.

Изразуваме задоволство што се зголеми вакцинацијата со вакцини кои содржат пертусис, со што се подигна имунитетот кај децата. Исто така,погодуваше и тоашто и сезоната на респираторните заболувањае на крај е, што резултираше со намалување на бројот на болни.

Во однос на другите причинители, оваа година не се разликуваше според бројките на болни деца од претходните години. Во есенските месеци доминираше RSV, а потоа започна грипот – итоа Influenza A, а опашката на оваа сезона ја одбележа influenza B.

Во согласност со добата на годината и малку порано заради временските услови и раната вегетација,започна периодот на сезонски алергии. На Клиниката секојдневно се примаат деца со симптоми на алергиски болести, кои се третираат и амбулантски и болнички. Доминираат алергискиот ринитис, ринокоњуктивитис, но и ларингитис и бронхоопструкции. Трендот на алергиски болести во светски рамки е во пораст, а причините за тоа е се мултифакториелни, но глобалното затоплување и аерозагадување се во основата на овој тренд. Секојдневно на Клиниката се прават неопходните испитување за алергија од крв, како и кожниот алерголошки тест на храна и инхалативни алергени.

Во врска со насочениот интерес на јавноста веќе подолг период, а поврзан со болните од Цистична фиброза, Клиниката за детски болести со задоволство информирам дека заврши постапката за набавка на лекот Трикафта, која беше спроведена преку јавна набавка. Во овој процес беа вклучени сите релевантни институции, како што се Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и Клиниката за детски болести, кои што со сите капацитети се вклучија процедурата да ја направат брза и ефикасна, на задоволство и на пациентите со ЦФ и на лекарите кои ја третираат оваа најчеста ретка болест.

Ова значи дека сите пациенти со ЦФ над 12 годишна возраст, погодни за модулаторна терапија, ќе го добијат лекот Трикафта во текот на овој месец (април), терапија која е најсовремена за третманна оваа болест. За трпеливоста и разбирањето, Клиниката за детски болести се заблагодарува и на Здружението на пациенти со ЦФ, со коешто имаме одлична соработка.

Инаку, терапијата со Трикафта во нашата земја е достапна од минатата година и веќе имаме искуства за исклучителниот позитивен ефект на терапијата кај овие пациенти.

Што се однесува на хормонот за раст, Фондот за здравствено осигурување, како и секоја година,така и оваа, одобрува средства за негова набавка за сите пациенти кои се со индикација за терапија, одредена според протоколи од страна на лекарите од Ендокринолошкиот оддел на нашата Клиника.

Во моментов има деца кои се во постапка на дијагностика и не можеме да зборуваме за листа за чекање. Затоа што, листата за примање на хормонот е динамична, таа постојано се ревидира, што значи дека пациентите кои завршуваат со терапијасе исклучуваат, а се вклучуваат нови пациенти.

Во контекст на биолошката терапија, Фондот за здравствено осигурувањеконтинуирано обезбедува и биолошка терапија за сите пациенти – задецата со ревматоиден артритис и кронова болест (HumiramInfleximab, Anakindra).

• Dinutuximab – имунолошка терапија за прв пат беше обезбедена минатата година за еден пациент, а оваа година уште за две деца со дијагноза на високо ризичен неуробластом.

• Hemlibra – кај децата со хемофилии, се обезбедува најнова терапија, со специфично моноклонално антитело, во моментов кај две деца.

Клиниката континуирано се обидува да ги подобри условите за престој и лекување на децата, како и за работа на лекарите и на другиот медицински и немедицински персонал. Во моментов, во тек е реновирањето на Невролошката амбуланта. Со ова, го продолжуваме трендот на постапно реновирање на Клиниката, по оддели.

Во изминатиов период беа реновирани Одделението за онкологија, Одделението за кардиологија и Одделението за Цистична фиброза.

Поврзани новости